Силвестер Сталоне пишува ТВ серија – продолжение на „Роки“

Силвестер Сталоне објави дека работи на сценарио за ТВ-серија која би била приквел на филмот „Роки“ од 1976 година, а која ќе ја понуди на стриминг платформите. Седумдесет и четиригодишната ѕвезда на „Роки“ и „Рамбо“ на Инстаграм објави фотографии од две рачно напишани страници. -Ова можеби ќе биде најчудната објава досега. Утрово почнав да пишувам текст за приквел на ‘Роки’. Десет епизоди за неколку сезони за да влезете во срцето на ликовите во помладите години. Се надевам дека ќе се оствари, напиша Сталоне. Сталоне направи голем пробив во Холивуд со боксерската драма „Роки“, за која го напиша сценариото и самиот беше номиниран за два оскара.



извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838