Пратеникот Мирослав Богдановски од ДОМ си поднесе оставка

Пратеникот на ДОМ Мирослав Богдановски си поднесе оставка од функцијата пратеник. Се враќа на претходното работно место – главен инспектор во град Скопје.

На денешната собраниска седница ќе биде констатирана неговата оставка. Тој реши да си откаже од пратеничката функција со образложение дека повеќе не ги поддржува политиките на власта, но и личната проценка дека раководењето на претседателката на партијата и пратеничка, Маја Морачанин, е недемократско.


извор: фокус

29060043_2016680208590936_36926234558838