Началник на МВР ослободил лице кое било спроведено на Блаце, а по кого имало централна потерница

Во моментов на граничниот премин Блаце се врши истрага од страна на внатрешна контрола заради извршен намерен пропуст во спровод на лице, Бедри Бериша, кое се бара по централна потерница, дознава Радио Лидер. Како што дознаваме, откако косовската полиција го предала лицето на македонската гранична полиција, надлежниот полициски службеник телефонски се јавил на началникот за Потраги – Интерпол, Рефиќ Ќерими, кој му дал наредба да се ослободи лицето зошто не е цел на потрага.

Лицето е ослободено, а за кратко е утврдено дека по него има централна потерница по што е повикана Внатрешна контрола која сега работи на утврдување на одговорност кај полициски службеници.

Бедри Бериша е дел од групата на Беланоца. Во полициска акција на 1-ви мај минатата година на 20-на метри од домот на Бериша беа заплетенети автоматски пушки и 2,5 килограми хероин кој наводно припаѓале на криминалната група Беланоца. Од друга страна, името на началникот за Потраги – Интерпол, Рефиќ Ќерими, на крајот на мај годинава се најде на седница на пратенички прашања дали во периодот октомври-декември 2020 г. началникот во МВР остварил една или повеќе средби со мафијашот Седат Пекер, по кого токму Интерпол трага со потерница.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838