За Португалија македонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот

Португалската министерка за Европа, Ана Паола Закаријас, во разговор со новинарите пред завршувањето на претседателството, изјави дека „ова е многу тешка дебата, особено за Бугарија, поврзана со историјата, културниот идентитет на двете земји… Ние мора да ја почитуваме бугарската позиција и тоа го сторивме“ На два дена пред завршувањето на португалското претседателство официјален Лисабон го помести тасот на вагата во спорот меѓу Бугарија и Македонија повеќе кон Софија.


Разговарајќи со група европски новинари во Лисабон пред да ја предаде европската палка на Словенија, министерката за европски прашања на Португалија, Ана Паола Закаријас, изјави дека дебатата била особено тешка за Бугарија, нејзиниот јазик и култура. И без да спомене македонски јазик рече:

Очигледно е поврзано со јазикот на Македонија, кој некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на обете земји“.-рече министерката.

Закаријас само споредно го спомена португалскиот предлог како можност да се најде компромис што во Скопје и Софија го донесе министерот за надворешни работи Аугусто Сантос Силва, кој од македонските власти беше оценет како добра основа за понатамошни разговори, туку на новинарите им рече: „Ова е многу тешка дебата, особено за Бугарија, поврзана со историјата, културниот идентитет на двете земји, како и идната соработка. Во моментов, тие работат на нешто како патоказ кој ќе им помогне да работат заедно и Бугарија да има гаранции дека кога Македонија ќе влезе во ЕУ, работите ќе се одвиваат полесно. Македонија помина низ тешки преговори со Грција – запомнете дека го смени името на земјата. Но, тоа е многу тешко, бидејќи е исто така поврзано со Бугарија како култура и јазик. Очигледно е поврзано со јазикот на Македонија, кој некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на обете земји“.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838