ЗАЕВ: Со зелениот план, ќе ги затвориме сите Термоцентрали на јаглен во земјава


Планот за затворање на јаглените и фосилните централи е димензиониран, а во зелениот план е предвидено да се инвестира во нови 1600 мегавати од фотоволтаици и околу 600 мегавати од ветерници.

-Зборуваме за 2200 нови мегавати обновливи извори на енергија, а само за споредба двата блока на РЕК Битола се 350 мегавати, посочи премиерот Зоран Заев во вчерашното гостување на „Топ Тема“ на Телма.

Нагласи дека пазарната вредност на струјата е повеќе од двојно повисока од цената која ја испорачуваат државните компании.

-Светот заради климатски промени има повеќе производство од обновливи извори на енергија, се затвораат јаглените и фосилните централи, а инвестициите во нови извори чинат пари, појасни Заев.


извор: денешен

29060043_2016680208590936_36926234558838