(Видео) Бpитанците фaтeни живи: Пpoтекоа документи, намepно сакале да ја испpoвоцираат Pycија


Велика Британија знаела дека присуството на нејзиниот воен брод-разузрнувач крај брегот на Крим минатата недела ќе ја испровоцира Русија, може да се види од папката со класифицирани документи што биле пронајдени на автобуска станица во Кент, јави денеска „Тајмс”.


Како што објавија вчера извори од Вајтхол, висок службеник одговорен за прекршокот со документот, може да биде обвинет според Законот за државни тајни. Во случајот е вклучена и полицијата на Министерството за одбрана, која ќе треба да открие кој стои зад прекршокот, зошто и како документите ја напуштиле зградата на министерството и кои се мотивите што стојат зад тоа.


Во белешката од 50 страници, официјалните претставници на одбраната презентирале три можни руски одговори на одлуката за испраќање на бродот „Дифендер” во зоната што е оддалечена само 12 милји од брегот на Крим, што варираат од „безбеден и професионален” до „опасен и непрофесионален”.


Русија минатата среда агресивно реагираше на приближувањето на британскиот брод до Крим, испраќајќи два брода на крајбрежната стража да го следат одблизу, на 100 метри. Русија, исто така, постојано испраќаше радио предупредувања и го следеше бродот од воздух. Москва соопшти дека истрелала предупредувачки истрели, но Велика Британија го негираше таквиот пристап на инцидентот.


Според неодамна обезбедените документи, во британското Министерство за одбрана било разговарано за алтернативна маршрута за воениот брод, за да не ја испровоцира Русија, но оваа опција официјалните лица ја отфрлиле како кукавичка. Било одлучено дека тоа ќе даде лажен впечаток дека Обединетото Кралство се плаши и ќе и дозволи на Русија да тврди дека Обединетото Кралство се согласило со тврдењата на претседателот Путин за територијалните води на Крим.


Деталите за мисијата биле дадени во досието што во вторникот утрината беше пронајдено во еден куп влажни документи зад автобуска постојка во Кент, а за кои претходно се сметаше дека се исчезнати. Лицето кое ги пронашло, а кое сакаше да остане анонимно, ги предало документите на Би-Би-Си, кои вчера ја открија нивната содржина.


Се претпоставува дека службеното лице можеби не ја открило целата загуба.


-Тоа што е прогласено за изгубено и тоа што е откриено од Би-Би-Си се две различни работи, велат изворите од Вајтхол.


Разбирливо е дека за време на истрагата, пристапот на високото службено лице до класифицираните документи ќе биде ограничен.


-Ова е многу сериозно. Ова е само за службена употреба, рече изворот. „Официјалните документи не смеат да ја напуштаат зградата”.


Според изворот, се изгледало како „да нема шпион, туку само невнимателен вработен кој заборавил да ја затвори чантата”. Тој додаде дека истрагата ќе утврди дали имало посебен мотива за декласифицирање на документите и под кои околности тие ја напуштиле зградата.


извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838