Жителите на Ушици во Битола цел ден без вода за пиење (ФОТО)


Денеска на 34 целзиусови степени граѓаните на населбата" Ушици" немаат вода од 9 часот наутро. Водовод Битола крајно неоговорно пристапи и граѓаните повеќе од 8 часа немаат вода за пиење.. Пред неколку дена на ул. Илинденска беа донесени цевки со голем профил како да се знаеше дека ангажираната "Струмичка фирма" ангажирана за изведување на водоводната инсталација "ненамерно" ќе скрши баш таква цевка поставена од Водовод!?


Цистерната донација од ЕУ за питка вода иако беше промовирана неколку пати од страна на градоначалничката Наташа Петровска и директорот Козаров повторно не беше искористена за жителите на Ушици во Битола.


Битолчани револтирани од честите дефекти на водоводната мрежа во градот и не ажурното работење на ЈП Водовод Битола.


29060043_2016680208590936_36926234558838