(ФОТО) ХАОС ПРЕД МВР: Недостатокот на пасоши предизвика турканици и тензија


Пред просториите на управните служби во Скопје, колони луѓе чекаат за вадење на лични документи кои во претходниот период не можеа да ги добијат, на голем број луѓе им се поместени термините, а други преку ред се обидуваат да добијат термин бидејќи и закажувањето преку телефон оди со тешкотии и речиси е невозможно да се добие слободна линија на бројот за закажување. До редакцијата на Радио Лидер пристигнаа поплаки од граѓани кои со денови чекаат да добијат пасоши од МВР. Тие неколку пати беа вратени од службениците во МВР со изговор дека „системот не работи“ и им беше кажано да дојдат за неколу дена. Сето ова предизвика големи гужви и турканици пред портите на МВР.

Граѓаните кои по десетици неуспешни повици, некако успеале да го контактираат министерството, велат дека пасоши конечно има а можат да се добијат 10 дена по сликањето за документот и тоа со новото име Република северна Македонија.

Според неофицијални информации, надградбата на системот за лични документи која се правеше пред неколку недели, била токму поради имплементирање на новото име.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838