Заев: Во септември ќе има попис и воопшто не ми е гајле колку се Македонци, Албанци, Турци

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на трибината под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Дебар нагласи дека периодот пред нас носи сериозни предизвици, а тоа се вакцинацијата, пописот и јакнењето на економските инвестиции.

Да продолжиме со вакцинација, сите да се вакцинираме, со тоа го штитиме своето здравје и здравјето на нашите роднини и пријатели. Ова зло не е искоренето, но ние сакаме да биде под контрола, како сега да можат децата наесен одат научилиште, рече претседателот Заев. Во септември ќе направиме попис на граѓаните, на еднакви граѓани, на сите, и воопшто не ми е гајле колку се Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, тоа се граѓаните на Северна Македонија, истакна Заев додавајќи дека во периодот пред нас следува поттикнување на важни економски процеси.

Отворивме интервентен план за инвестиции, кој е димензиониран насекаде низ државата. На една милијарда од ЕУ, која и припаѓа на Северна Македонија додадовме уште 7, со кои ќе го дигнеме севкупниот економски стандард на државата, нагласи претседателот Заев.


извор: фокус

29060043_2016680208590936_36926234558838