Доста беше измачување: Над 3000 луѓе бараат затворање на Зоолошката градина во Битола


Пред 2 дена, на платформата „МојГрад“ се појави петиција за затворање на Зоолошката градина во Битола, која досега ја поддржаа повеќе од 3000 лица.


Како што се наведува во описот на петицијата, , Зоолошката градина во Битола ниту е соодветно ниту е хумано место за животните кои живеат мизерно во кафези и негрижа, а како решение е понудено пренасочување на животните во живеалишта во кои ќе имаат услови за нормален живот.


„Ако нема услови за животните, треба да се затвори, не само зоолошката во Битола, туку и многу други“, „Тоа е концентрационен логор за животни, под итно да се затвори, уште повеќе што поголемиот број Битолчани немаат никакви чувства за животните“, „Ова не е зоолошка ова е мачилиште за животните, мизерија и срам за градоначалникот на Битола“, се само дел од коментарите на граѓаните кои ја поддржуваат иницијативата.


Во меѓувреме, покрај големиот број на гласови „да“, против овој предлог гласале повеќе од 20 граѓани.


Во петицијата исто така се потенцира дека резултат на затворањето би било едуцирање на граѓаните и идните генерации за моралните вредности, во однос на тоа што е хумано, но и на кој начин тие треба да се грижат за животните и средината во која живеат.


29060043_2016680208590936_36926234558838