Со над 56 илјади евра без дoкaз на потекло на гpaница фaтeн дилep од Битола

Вчерана Граничен премин Делчево, полициски службеници го привеле Д.Д. од Битола затоа што при пасошка контрола било констатирано дека се наоѓа на стоп листата поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. При преглед во неговото возило „бмв“ со бугарски национални ознаки биле пронајдени 56.200 евра без доказ за потекло. Возилото и парите биле предадени на Царинската управа, а лицето било приведено. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838