Царовска не гледа конфликт во тоа што нејзиниот партнер добива тендери

Пред да имам каква и да е функција, тој со својата компанија добивал одредени јавни набавки коишто се транспарентни изјави Царовска. Министерката за образование и наука, Мила Царовска, вели дека нема конфликт на интерес што фирмата на нејзиниот партнер склучила договор со Град Скопје вреден милион денари, за снимање со дрон на шумски површини во скопската котлина за рана детекција на растителни болести.

На новинарско прашање, Царовска рече дека нема можност да влијае на одлучувањето во локалната самоуправа и дека и пред да биде на функција, фирмата на нејзиниот партнер склучувала договори за јавни набавки со државни институции.

-Согласно дефиницијата за конфликт на интерес тука не постои никаков конфликт на интерес и никаква можност за мое влијание во одлучувањето во локална самоуправа. Дополнително, сакам да ја известам јавноста дека и пред да имам каква и да е функција, тој со својата компанија добивал одредени јавни набавки коишто се транспарентни и електронски секој може да ги провери, од страна на државни и приватни институции. И понатаму ќе продолжи да си аплицира на истите, рече Царовска Претходно, ВМРО-ДПМНЕ, врз основа на податоци од Бирото за јавни набавки, објави дека Градот клучил договор за снимање со дрон вреден милион денари со фирмата „Флај Кем“, која е во сопственост на партнерот на министерката


извор: lider.com.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838