Скандалозна набавка, Општина Ѓорче Петров: Две машини за перење 25.000 евра!


И денеска продолжуваме со низата скандали поврзани со фараонско, недомаќинско, лукративно и криминогено делување на градоначалниците и функционерите на СДСМ, продолжуваме со откривање на скандалите заради што СДСМ е најлошото за вашата општина, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Стоилковски рече: -Почитувани, за градинка во Ѓорче Петров се набавуваат две, потенцирам две машини за перење во вредност од 1.569.164 денари или, за полесно, 25.515 евра. Две машини за перење, за 25,500 евра, без ДДВ, тоа е 1.329.800 денари. За уште полесно, една машина за перење алишта во Ѓорче Петров се набавува за 785.000 денари или над 12.750 евра. 12.750 евра за една машина за перење! Според документите, овие тука, на 18 мај оваа година, градинката „Росица“ во Ѓорче Петров, чија директорка е избор на градоначалникот Александар Наумоски, склучува договор со Друштво за посредување, трговија и услуги ДОН ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје за електрична опрема во вредност од 25.515 евра. Се работи за машина за перење од производител Фагор со определени перформанси, волумен, капацитет, вртежи, Г фактор, вртежи на центрифуга, греење на струја, систем таканаречен Лоадинг Еид (контрола за тоа колку е полна) и така натаму и така натаму, стои во документот. Според достапните информации од Бирото за јавни набавки, оваа набавка е направена со Поедноставена отворена постапка, без електронска аукција со критериум за доделување на договор- Најниска цена. А, подолу во информациите стои; Број на добиени понуди: 2 Највисока понуда: 1.329.800, Најниска добиена понуда: 1.100.000 денари За веднаш потоа, да стојат податоци дека направена е набавка со кој што е склучен договор и е направен избор на понуда која што е повисока, односно 1.329.800 со ДДВ 1.569.164 денари

Но, тука има уште една небулоза, лесно проверлива на интернет, а тоа дека истиот производител, Фагор, со истите барани перформанси, волумен, капацитет вртежи, Г Фактор, вртежи при центрифуга , оној Лоадинг Еид, лед тач дисплеј, УСБ влез итн, значи исти перформанси како избраната понуда, се наоѓа за 6,650 евра плус ДДВ, или 409.000 со ДДВ 482.590 денари, за полесно 7.850 евра. Оттука, две вакви машини исти според спецификациите на набавката во Ѓорче Петров би чинеле 15.700 евра. Со тоа, разликата во набавката од 25.500 евра онаа што е направена и извршена во Ѓорче Петров до овие 15.700 евра е цели 10.000 евра, рече Стоилковски. -Прашања кои се наметнуваат се:

Доколку критериум за избор бил Најниска цена, како тоа од двете понуди пристигнати на објавениот тендер избрана е поскапата, за цели 230.000 денари без ДДВ? Второ, што е мотивот да се прави набавка за две машини за перење, набавка чија што цена е за цели 10.000 евра поголема?

Имал ли улога во изборот на понудувач за оваа набавка градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски? Праша портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Вакво трошење е производ на фараонскиот комплекс на СДСМ. Во услови на пропадната економија, во услови на зголемена невработеност, градинка во Ѓорче Петров прави набавка на машини за перење за 25.000 евра, за цели 10.000 евра повеќе од она што можеле да го набават на пазарот. Во време кога мака се мачи деца да бидат запишани во градинка, во време кога цела држава е во рецесија, во време кога семејства мака мачат заради здравствена, економска, социјална и образовна криза, кога луѓето се целосно разочарани од незаинтересираноста на државните институции, во Ѓорче Петров се набавуваат две машини за перење за цели 25.500 евра, цели 10.000 евра повеќе од она што за исти перформанси може да се најдат по пазарна вредност, потенцираше тој. Немало и нема полошо за Македонија, немало и ќе нема полошо за Ѓорче Петров, немало и ќе нема за било која општина, немало полошо од СДСМ! Додаде тој.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838