Фирмата на Силјан Мицевски доби тендер од 12 милиони евра за ископ во РЕК

Владејачката СДСМ додека беше во опозиција обвинуваше за ваквите тендери и најавуваше дека ќе се купи сопствена механизација која подоцна ќе се користи за ископување на јаглен, но се уште нема ништо од тоа. Друштво за градежништво и услуги „Пелистер“ на битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски, кого пошироката јавност го запозна откако во јавноста изби аферата „Меѓународен сојуз“, го доби тендерот во вредност од над 12 милиони евра за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во Рудник Брод-Гнотино (РЕК Битола).

Согласно објавените податоци на Бирото за јавни набавки вредноста на тендерот изнесува 785.821.000,00 денари, а времетраењето на договорот е 12 месеци. Владејачката СДСМ додека беше во опозиција обвинуваше за ваквите тендери и најавуваше дека ќе се купи сопствена механизација која подоцна ќе се користи за ископување на јаглен, но се уште нема ништо од тоа.



извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838