ОФИЦИЈАЛНО: Милевски е наследникот на Мрме, Цапар ќе ја води У21

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница во „Куќа на фудбалот“ донесе одлука за назначување на Благоја Милевски за селектор на македонската А репрезентација.

Се уште актуелниот предводник на репрезентацијата до 21 година ќе ја преземе селекторската функција во А репрезентацијата од први август 2021 година.

На седницата на Управниот одбор беше донесена одлука за назначување на Драган Канатларовски за селектор на македонската репрезентација до 21 година. Поранешниот селектор на нашиот најдобар национален тим ќе ја презеде младата репрезентација од први август 2021 година.

Фудбалската федерација на Македонија најави дека во следниот период ќе организира прес-конференција со новите селектори на македонската А репрезентација и селекцијата до 21 година.



извор: гол

29060043_2016680208590936_36926234558838