Бочварски најави нова патарина на автопатот Тетово – Гостивар


Претходните најави беа дека овој автопат ќе биде со по три ленти во еден правец. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски одговарајќи на пратеничко прашање најави нова патарина на автопатот Тетово – Гостивар поради негово проширување и реконструкција.

– На овој автопат во иднина паралелно ќе се гради уште една лента, но по друга траса што ќе биде Гостивар – Тетово, а на овој актуелниот ќе се вози по спротивниот правец. Патарина ќе се плаќа ако сакаме тој да биде безбеден и сигурен во лето, но и во зимски услови да биде сервисиран, така што тоа е законска одредба која е воведена во државата. Треба да ги почитуваме и овие законски одредби, ако сакаме повеќе инвестиции, рече Бочварски. Претходните најави беа дека овој автопат ќе биде со по три ленти во еден правец.

29060043_2016680208590936_36926234558838