По милионските загуби во државните ЕЛЕМ и МЕПСО: Струјата поскапе за да бидат на ПОЗИТИВНА НУЛА


Ќе успеат ли енергетските компании со поскапувањето на струјата да ја анулираат загубата што ја генерираа во 2020 година. Двете најголеми државни енергетски фирми се во минус во пандемиската година, но пандемијата не е целосна причина за нивните лоши резултати. АД МЕПСО деловната 2020 година ја заврши со загуба од 5,8 милиони евра, а Државните електрани имаат минус од 16,8 милиони евра.


Лани првиот човек на Регулаторната комисија тврдеше дека со поскапувањето на струјата ќе се успее компаниите да не бидат во загуба, но сега минусите се реалност. Дали ќе следи ново зголемување на цената и колкаво ќе биде ќе се знае најверојатно за кратко. Владата секако одлучи да го намали ДДВ за сметките за електрична енергија од 18 на 5 проценти и на таков начин да го амортизира ударот од поскапата струја.


Инаку загубата на МЕПСО следуваше иако минатата година Регулаторната комисија за енергетика делумно му го прифати барањето за зголемување на тарифата за пренос и, заедно со останатите електроенергетски компании на регулираниот пазар, доби зголемување на цената на сметките за домаќинствата за 7,4 отсто повисока цена од 1 јули.


Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем за 2019 оствари добивка пред оданочување од 480.113.909 денари.


АД Електрани на Северна Македонија официјално годината 2020 ја завршува со загуба од минус 16,8 милиони евра. Најголемиот произведувач на електрична енергија во земјата минатата година остварил приходи од 195,4 милиони евра, што е поомалку за 5 отсто во однос на 2019.

gif

извор: фактор


29060043_2016680208590936_36926234558838