Пандев до Ангеловски: Шефе, малку е да ти кажам благодарам

Легендата на македонскиот фудбал, Горан Пандев денеска преку објава на Инстаграм му се заблагодари на селекторот Игор Ангеловски за се што направи за репрезентацијата.


-20.10.2015, прв пат кога се сретнавме во вашите очи видов енергија, сигурност и голема желба да ја вратите репрезентацијата во живот… ги паметам зборвите кога рековте дека ќе направите од репрезентацијата една голема фамилија и дека вашата цел е Македонија да се пласира на Европското првенство. Сите овие години не беше лесно, имаше и многу препреки, но ти гордо ја чуваше нашата фамилија. ШЕФЕ, благодарам е малку да ви кажам. Вие го сплотивте цел македонски народ, вие направивте да се сакаме како браќа во репрезентација и да гинеме еден за друг. Затоа сакам да кажам дека вечно ќе останеш во моето срце, напиша Пандев



извор: фокус

29060043_2016680208590936_36926234558838