Cpбија ypнaла бугapcки MиГ-9?

Министерството за одбрана на Србија реагираше по тврдењето на бугарскиот новинар Григор Лилов дека Србија го срушила бугарскиот авион МиГ-29 на 9 јуни, пишува Б92.

Авионот се урна за време на заедничките воени вежби со Србија во Црното Море, пилотот загина, а причината за несреќата сè уште не е утврдена. „Воените вежби на српската армија во Бугарија, на полигон недалеку од градот Шабла, и веројатноста дека нашиот МиГ може да бил соборен со ракетата С-125 Нева, лансирана од Србите, требаше да биде тема на жива политичка дискусија, особено пред парламентарните избори. Сите партии, медиуми, коментатори молчат “, напиша бугарскиот новинар на Фејсбук.

По неговите обвинувања, Министерството за одбрана на Србија оцени дека тие тврдења се неточни и злонамерни.

„Поради неточни и злонамерни тврдења и шпекулации изнесени од бугарскиот новинар и писател Григор Лилов и пренесени од одредени медиуми, Министерството за одбрана ја информира јавноста дека припадниците на Српското воено воздухопловство и ПВО не извршиле дејствија против ракетните единици за ПВО денот на падот на бугарскиот МиГ-29., како и дејствијата на авијацијата на полигонот „Шабла“, во никој случај не можат да бидат поврзани со падот на бугарскиот воен авион Миг-29 “, се наведува во соопштението .



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838