ЗАЕВ: Граѓаните не треба да бидат загрижени дека еколошката такса од 3.5 денари ќе ја зголеми цената

Со падот на цената на нафтата на светските берзи се анулира висината на акцизата од 3 денари која ја воведовме заради ублажување на последиците од КОВИД-19 и со тоа навистина не се очекува поголемо влијание на цената заради еколошката такса, наведе премиерот Заев Еколошката такса е наш одговор за грижата за животната средина и на повикот на граѓаните да преземеме мерки во однос на ова важно прашање, и затоа сите пари прибрани од оваа такса ќе одат во Еколошкиот фонд кој ќе ја помогне праведната транзиција од фосилните кон енергенсите од обновливи извори на енергија, истакна премиерот Заев во интервју за ТВ Телма.

Тој појасни дека граѓаните и стопанствениците не треба да бидат загрижени дека оваа мерка ќе ги зголеми цените на моторните горива.

-Оваа мерка никој не би ја донел во време на изборна година и треба граѓаните да знаат дека влијанието на оваа мерка нема да биде поголема од 0,07 отсто. Со падот на цената на нафтата на светските берзи се анулира висината на акцизата од 3 денари која ја воведовме заради ублажување на последиците од КОВИД-19 и со тоа навистина не се очекува поголемо влијание на цената заради еколошката такса, наведе премиерот Заев Тој додаде дека и со новата вредност на еколошката такса за нафтените деривати, С. Македонија и понатаму има најниска такса за доследна примена на начелото „загадувачот плаќа“ и за прибирање на потребните средства за преземање мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина.



извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838