Заев: Згрешив што напишав „македонската репрезентација“, па имам 46 години се случува да направам...

Премиерот Зоран Заев денеска на Скопскиот економски форум призна дека направил грешка кога кажал „македонската репрезентација“ бидејќи како што рече, тоа е во спротивност со Преспанскиот договор. -Секогаш праќам пријателски пораки, верувам во Преспанскиот договор, го направив заедно со пријателот Алексис Ципрас и јас сум првиот што го следи, некогаш се случува да направам грешка имам 46 години се случува да го спомнам тоа во една реченица и да го повторам некогаш, рече Заев.

Инаку, портпаролката на грчката влада Аристотелија Пелони вчера реагираше на твитот на премиерот Зоран Заев кој ја користи придавката „македонски национален фудбалски тим“. Содржината продолжува после огласот -Бараме целосна имплементација на Договорот од Преспа и неговиот дух, го повикуваме Заев да се воздржи од реторика на поделби, особено во такво чувствително прашање како што е фудбалот, рече Пелони.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838