Дpaма во Црното море: Руски воен брод испукал пpeдупpeдувачки гранати кон британски paзopyвач

Руски воен брод испукал предупредувачки истрели кон разорувачот на британската кралска морнарица, ХМС Дефендер, откако влегол во руските води во Црното Море, пренесува Интерфакс.

Набргу потоа, ХМС Дифендер ги напуштил руските води, соопшти руското Министерство за одбрана. Инцидентот се случил во северозападниот дел на Црното Море.

“Дифендер беше предупреден дека ќе се користи оружје ако ја премине границата. Тој не одговори на предупредувањето”, се вели во соопштението на руското министерство. Како предупредување биле испукани четири гранати од рускиот брод.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838