ВИДЕО КОМПИЛАЦИЈА ЗА ЗАБАВА: Сите 69 добиени „датуми“ за почеток на преговори со ЕУ


Владата на Зоран Заев вчера повторно потфрли во примарната задача која ја ветија пред неколку години, односно повторно Европската Унија не успеа да изнајде решение за Македонија да ги отпочне пристапните преговори. Ова разочарување како кај властите, така и кај народот, е уште поголемо со самиот факт дека министрите и самиот премиер Зоран Заев, веќе неколкупати најавуваа датум за почеток на преговори.

Затоа, редакцијата на Радио Лидер реши да ги сподели сите достапни материјали поврзани со датумот за почеток на преговори кој Заев и СДСМ го ветуваа уште во својата програма, но и годините потоа.

Најдобар вовед за оваа прилика би била „историската“ фотографија од авионот, според која Заев, Османи, Димитров и Анѓушев среќни го дочекале датумот за старт на преговори со Унијата од јуни 2018 година.

Во прилог и неколку видео материјали од сите овие ветувања за европска иднина на премиерот Заев и сите прогласувања на успешната дипломатија, која резултираше со (барем според владата) почеток на преговори со Европската Унија.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838