Вучиќ им купи брз воз, сега Штадлер сака да гради фабрика во Србија


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва се сретна со делегацијата на швајцарската компанија „Штадлер“, која е заинтересирана за нови проекти во Србија, како и за отворање на фабрика за трансформатори.


Вучиќ разговарал во Геозавод со делегацијата на Штадлер предводена од сопственикот на компанијата Питер Шпулер, со кого меморандумот меѓу Штадлер и Владата на Србија го потпишал министерот за градежништво Томислав Момировиќ. Договорена е финансиска помош за промоција на Железничкиот музеј.


Штадлер, еден од светските лидери во производството на железнички возила, од кои Србија ќе набави три брзи возови, исто така е заинтересиран за отворање фабрика за трансформатори во Србија, како и долгорочна стратешка соработка во однос на продажба на возови. Исто така, тема на разговор бил потенцијалниот пласман на нивните производи во Србија и земјите од регионот, а исто така се разговарало и за можноста Штадлер да отвори фабрика за возила во Србија.


На состанокот присуствувале и премиерот на Србија, Ана Брнабиќ, министерот за финансии, Синиша Мали, како и поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој е пријател на Питер Шпулер.


Претходно, претседателот Вучиќ изјави дека едвај чека да се пушти брзата пруга од Белград до Нови Сад, што ќе биде на крајот на февруари, и да се качи на брзиот воз што Србија го купи од швајцарската компанија „Штадлер“ .

gif

извор: фактор


29060043_2016680208590936_36926234558838