Спасовски не одговори за наводните фотографии со наркобосовите, но вели дека е задоволен од акцијата


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција рече дека е задоволен од акцијата „Планина“, иако обвинителката за организиран криминал Вилма Русковски претходно оцени дека по дадена дојава избегале водачите, односно наркобосовите.


„Да истакнам дека немало ваква акција после 30 години, уапсени се огромен број на лица - 22 за недозволена трговија со шверц снаоружје и дрога, рече Спасовски и додаде дека споредбено со периодот на техничкиот министер Наќе Чулев е детектирана и запленета дрога од 558 килограми, а тогаш само нешто повеќе од 14 килограми.


За продолжението на акцијата „Планина“ тој вели дека прашањата треба да се упатат до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, додека за наводните фотографии од кафаните со наркобосовите Спасовски не сакаше да зборува.


Меѓу опозициските кругови кружат фотографии на социјалните мрежи на кои Спасовски е наводно во друштво со наркобосовите од Грчец кои се во бегство по акцијата „Планина“.

извор: фактор

29060043_2016680208590936_36926234558838