ПЕЛИСТЕР СЕ РАСПАЃА: Девет играчи си одат од Битола!

Битолски Пелистер имаше успешна сезона и го обезбеди посакуваниот опстанок, но работите, барем засега, според најавите, не се движат во посакуваниот тек, затоа што девет фудбалери од тимот си заминуваат од Битола.


Капинковски одлично си ја заврши работата на клупата на „зелените“, но за следната сезона останува без девет играчи, што сигурно дека ќе влијае на амбициите на пелистерци во новата сезона во ПМФЛ.


Иван Пејаковиќ, Нето, Ѓорѓи Танушев, Давор Талески, Дарко Илиевски, Благоја Спиркоски, Валентин Кочоски, Бојан Илиевски и Омар Гудиаби нема повеќе да го носат дресот на битолската фудбалска гордост.


Разврска на ситуацијата чека и тренерот Капинковски, како и уште неколку првотимци кои се без договор. Ако не се подобри ситуацијата, можно е од тимот да си заминат и други, па клубот ќе мора да остане со неколку сениори кои се под договор.



извор: гол.мк

29060043_2016680208590936_36926234558838