Повторно поскапуваат горивата од полноќ


Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука, горивата поскапуваат од полноќ. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.06.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,50 денари по литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 денари по литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 62,00 денари по литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.06.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 денари по литарт. Содржината продолжува после огласот

29060043_2016680208590936_36926234558838