СИТЕ 13 СЛОБОДНИ ЗОНИ ВО ЗЕМЈАВА СЕ ИСКОРИСТЕНИ САМО 29 ОТСТО - државата нема да отвора нови


Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1, односно онаа во Бунарџик, има површина од 140 хектари, од кои корисна површина е 71 отсто. Површина издадена под закуп е 49 процентио, а процентот на искористеност е само 20 отсто.


Додека, пак, слободната зона Скопје 2, има површина од 97 хектари, од кои корисна површина е 63 отсто, додека, пакл, од неа, издадени под закуп се 67 проценти. Процентот на искористенот е 34 отсто.


Ова го покажува, мнеѓу другото, студијата што ја изработи Дирекцијата за ТИРЗ, за ефектите на дел од мерките за поттикнување на странски инвестиции.


Зоната во Штип има 205 хектари, и корисна површина од 66 отсто, а издадена под закуп е само 11 проценти. Од нив, пак, процентот на искористеност е само 28 отсто.


Всушност, оваа студија покажа дека во 13 те зони кои постојат на територијата на државава, многу од просторот внатре е неискористен.


Активни се само седум зони, и тоа Скопје 1 и 2, Штип, Тетово, каде концесионер е Нормак, потоа Прилеп, Кичево, Струга и Струмица, додека неактивни се шест зонио, и тоа Гевгелија, Виница, Берово, Делчево, Ранковце и Радовиш.


Вкупната површина на сите овие 13 зони е 826 хектари, од кои корисна површина е 66 отсто. Издадена површина под закуп е 31 отсто, а процентот на искористеност е 29 отсто.


Тоа на државата и дава за право се повеќе да биде склона кон опцијата да не брза со отворање на нови зони, туку да се труди како да се искористи потенцијалот што постои внатре во зоните, а кој сега буквално зјае празен и неискористен.


Ова го потврдува и првиот човек на Дирекцијата за ТИРЗ, Јово Деспотовски.


„Од она што ни го покажа анализата, имаме доста голем потенцијал неискористен. Тоа значи дека и во оние зони, каде што на хартија имаме закупено голем процент од слободните парцели, а во рамки на самите парцели, искористеноста на парцелите е мала. Секој оној кој што има било каква допирна точчка со бизнисот во градежништвото, знае дека тоа е трошок. Значи, во нашава ситуација очигледно имаме доста голем број на парцели кои што се веќе дадени на користење, но не се доволно искористени. Наша цел ќе биде, согласно деловните планови кои компаниите ги имаат доставено, да следиме како тој капацитет ќе се реализира до крај. Доколку не се искористи целиот потенција, на крајот на денот тоа е ресурс со кој располага државата. Репарцијализирањето е секогаш опција. Тоа значи дека нема да влегуваме постојано во отворање на нови и нови зони, туку, ајде да видиме, тоа што веќе постои, каде што веќе имаме фрлено пари за вложување во инфраструктура, да можеме диополнително да го искористиме, плус да го извадиме максималниот приход од тоа што е веќе напаравено“, рече Јово Деспотовски, директор на Дирекцијата за ТИРЗ.


Оваа студија, и даде неколку насоки на Дирекцијата за ТИРЗ, меѓу кои и таа дека треба да се искористи потенцијалот на постоечките зони. Односно, пристапот за привлекување на нови ДСИ треба да се осврне на вистинската потреба на корисникот и потенцијалот за разој, и на тој начин ТИРЗ да обезбеди адекватна распределба во согласност со планираниот развој на зоните, како и самата локација во зоната. Со ваков пристап, зоните може да обезбедат површина за поголем број на корисници на веќе изградената инфраструктура.


Втора насока е развојот на ТИРЗ на целата територија на земјава да се реализира во фази кои треба да бидат организирани во согласност со постоечка патна инфраструктура, за да се обезбеди брз транспорт на луѓе и стоки. Со ваков пристап, ТИРЗ ќе има системски пристап за издавање земја под закуп, мал процент на слободна земја, како и котролирани вложувања во инфраструктура.


Врз основа на искуствата во ТИРЗ и останатите слободни економски зони во регионот и пошироко, политиката на привлекување нови корисници треба да се надополни во корист на поголема јавна корист и тоа развој на дел од работната сила која се соочува со стагнација во личниот и професионален напредок во преработувачката индустрија и компатибилни со неа, паради неконкурентност на пазарот на труд; како и политика за развој на трговија во ТИРЗ помеѓу корисниците преку принципот за намалување на транспортни трошоци, конзистентност и навремена достава на стоки и услуги.


Исто така, како една од насоките што е наведена во студијата, е механизам за елиминација, односно предвремено раскинување на договорите за закуп и останатите субвенции во случај на неисполнување на целите предвидени со државната стратегијата за економски развој и раст.


А, како следни чекори, за кои веќе објави Фактор, се наведуваат креирање механизам за поттикнување на поголем искористеност на зоните надвор од Скопје; паметно вложување во инфраструктурата; како и поттикнување рамномерен развој, односно бенефит за сите граѓани.

gif

извор: фактор

29060043_2016680208590936_36926234558838