Рикер доаѓа во Македонија - која е целта на посетата?

На почетокот на јули вршителот на должност, помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер доаѓа во земјава. Тој од 1-ви до 3-ти јули доаѓа во посета на Охрид, а претходно ќе престојува во Милано и Тирана, информираа од американскиот Стејт департмент.

„Амбасадорот Рикер во Охрид ќе пристигне на 1-ви јули, за да присуствува на конференцијата „Пат до Преспа“ (Road to Prespa), и да ја истакне поддршката на САД за продолжителен дијалог и соработка кон стабилност и прогрес во регионот“, се вели во соопштението.

Тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Бујар Османи, и други високи официјални лица, „за да разговараат за нашите заеднички приоритети за Западен Балкан“. Рикер во Тирана ќе се сретне со премиерот Еди Рама и други официјали претставници „за да разговара за американско-албанските односи и други области од заедничи интерес“. Него ќе го придружува државниот секретар Ентони Блинкон, кој од 22 до 29 јуни оди во посета на Берлин, Париз, Рим, Ватикан, Бари и Матера. Рикер претходно беше амбасадор на САД во Македонија од 2008 до 2011 година.


извор: фактор

29060043_2016680208590936_36926234558838