АСТРАЗЕНЕКА ГО ПРОМЕНИ ИМЕТО: ЕМА ја регистрираше со новото име -„Ваксзевриа“


АстраЗенека ја ребрендираше својата вакцина против Ковид-19, потег што се совпаѓа со борбата на компанијата да ја увери јавноста дека нејзиниот лек е безбеден, по бројните извештаи за потенцијални негативни ефекти.


Британско-шведската фармацевтска компанија го ребрендираше својот производ, во „Ваксзевриа“. Во соопштението за печатот, компанијата рече дека промената на името не вклучува никакви измени во реалниот лек. Медицинските работници треба да бидат свесни за ребрендирањето, рече фирмата, бидејќи обележувањето и пакувањето може да изгледаат поинаку, пренесува РТ.


Европската агенција за лекови го потпиша новото име минатата недела откако АстраЗенека побара одобрување за промената од регулаторот на ЕУ. „Ковишилд“, кој се заснова на истата формула, но е развиен во соработка со Институтот за серум во Индија, ќе го задржи сегашното име, односно останува „Ковишилд“.


Дебито на „Вакзевриа“ доаѓа во моментот кога АстраЗенека избегнува растечка несигурност во врска со својата вакцина, создадена во соработка со Универзитетот Оксфорд. Повеќе од десетина земји низ Европа привремено ја запреа употребата на вакцината по извештаите за згрутчување на крвта. Здравствените работници на ЕУ, како и фармацевтската фирма, тврдат дека вакцината е безбедна и не е поврзана со медицинските изолирани случаи, од кои некои доведоа до смрт.



извор: faktor.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838