Филипче призна дека немаме повеќе вакцини

Процесот на вакцинација е забавен бидејќи нема доволно вакцини, призна конечно министерот за здравство Венко Филипче. Но, тој не се откажува од досегашните ветувања дека вакцините само што не стигнале, и тоа дури 600.000 до крај на јуни – 500.000 дози „Синовак“ од Кина и 100 илјади од „Фајзер“ преку Ковакс. Со нив, тој вели дека за околу две недели, ќе се вакцинираат сите 180.000 пријавени, по што вакцинацијата ќе продолжи без закажување. Но, дали е тоа така?

Ако внимателно се слуша денешната изјава на Филипче, прво што се забележува дека она што досега се ветуваше, дека ќе добиеме 500.000 „Синовак“, денеска тоа изгледа вака: -На 27 или 28 јуни, ќе стигнат половина од кинеските вакицини „Синовак“ и останатата половина до вкупно 500 илјади, до 30 јуни, рече денеска Филипче.

Прво, се работи за растојание од два-три дена меѓу двете пратки, што тешко дека може да се најде логика зошто некој би ги испратил одделно. И второ, кога беше прашан зошто земјава ги набавува „Синовак“ вакцините кои се со многу помала ефикасност од другите, Филипче објасни дека ниту еден производител, освен оваа кинеска фабрика не можел да испрати толку голема количина одеднаш. Во меѓувреме, ако сака да провери колку граѓаните „спијат на тоа уво“ и ги чекаат вакцините што „само што не дошле“, Филипче може да ги погледне сликите од Табановце.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838