МИЛЕВСКИ: Директорот на ВОДОВОД БИТОЛА потрошил 10.000 евра по кафани во ВРЕМЕ НА КАРАНТИН


Претседателот на ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА, Пеце Милевски обелодени нов скандал со ЈКП ВОДОВОД БИТОЛА каде се трошеле илјадници евра за репрезентации и кафани во време на пандемија и карантин, во продолжение погледнете ја реакцијата:

Наместо високи сметки за репрезентација и тоа во време на пандемија со КОВИД19 каде рестораните не работеа, директорот на ЈКП ВОДОВОД БИТОЛА потрошил 10 илјади евра по кафани.
Наместо да трошите по кафани инвестирајте во нова опрема за потребите на граѓаните да немаме вакви ситуации каде жителите немаат 24 часа вода. Наместо власта во Битола да вработува стручни луѓе и да вложува во нивна обука, вработува партиска "војска" и гради управна зграда од скоро 1 милион евра.
Еден совет искористете ја цистерната за питка вода за потребите на граѓаните која е донација од ЕУ.
Доста е, премногу е !

29060043_2016680208590936_36926234558838