ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ НАЈАВИ ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ФФМ, вели - репрезентацијата е на Северна...


Премиерот Зоран Заев во интервју за грчката „ЕРТ“ изјави дека по жалбата на Атина на логото на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) кое се појавува на дресот на македонската репрезентација на ЕУРО 2020, ќе се „реши“ според договорот од Преспа во 2018 година.


„Веќе го покренавме проблемот со Федерацијата и тоа ќе се реши според договорот од Преспа, правилата на УЕФА и традицијата во следниот период. Цела Европа знае дека нашата фудбалска репрезентација ја претставува Северна Македонија на шампионатот. Иако федерацијата не е државна установа, националнот тим е како секаде во светот. Затоа треба да биде јасно на сите нивоа дека тоа е националниот тим на Северна Македонија без разлика на иницијалите на федерацијата на дресот. Веќе е разговарано со федерацијата. Договорот од Преспа е тековен и целта е постепено да се најдат решенија со нашите соседи“, вели Заев во писмена изјава за „ЕРТ“ како што пренесува грчкиот весник Екатимерини.


gif

извор: фактор

29060043_2016680208590936_36926234558838