Француска, италијанска, албанска и хрватска полиција трагаа по криминалци со македонски пасоши


На 11 септември 2019 година, Ален Буниќ, најбараниот хрватски криминалец за трговија со дрога, во 10.53 часот пристигнал во управните служби на македонското Министерство за внатрешни работи, поднел барање за пасош, бил фотографиран и оставил отпечаток на прст, и истиот ден во 17.12 часот си го земал македонскиот пасош со украден идентитет на Атанас Костадинов Витанов. За Буниќ уште во 2008 година канцелариите на Интерпол Италија и на Перу распишале потерници, објави порталот „МКД.мк.

Ален Буниќ е познат на хрватските правосудни органи како ограбувач на банки. Во 2008 година тој од италијанските карабињери бил фатен со 16 килограми хашиш. Осомничен е и за вооружени грабежи на златари и специјализирани продавници за скапоцени камења и часовници. Од 2008 година е во бегство, а македонскиот пасош со украден идентитет на име Атанас Костадинов Витанов е откриен на 2 март 2021 година.

Целиот текст тука

29060043_2016680208590936_36926234558838