Заев прифатил: „Говориме ист јазик, но признати како два различни“ - БУГАРСКИТЕ МЕДИУМИ

Во некои од бугарските медиуми се шпекулира дека една од петте формулации во македонскиот предлог се однесувала за јазикот на нашата држава, а наводно „компромисот“ кој Заев го понудил се однесува на поинаква формулација. Што содржи „конкретниот предлог“ со кој македонската делегација предводена од премиерот Зоран Заев дошла на средбата со привремениот бугарски премиер Стефан Јанев? Информацијата дека на масата е доставен конкретен предлог, вчера ја објави бугарскиот премиер, објавува ДојчеВеле.

Она што е многу интересно да се напомене е наводниот „компромис на Заев“, според кој јазикот кој го говорат Македонците и Бугарите е ист јазик, но меѓународно е признат како два различни.

Под наслов „Компромисот на Заев: Говориме на ист јазик, но меѓународно признат како два различни“, весникот „24 часа“ повикувајќи се на владини извори открива дека тоа била една од петте формулции содржани во предлогот, кој македонскиот премиер Зоран Заев го донел на средбата со бугарскиот технички премиер Стефан Јанев. Според извори на „24 часа“ од бугарската влада, гостинот предложил пет варијанти за компромис, кои треба да влезат во политичката декларација. Меѓу нив имало и формулација за јазичниот спор, која гласела дека Бугарите и Македонците говорат истовремено на ист јазик, но и на различни, кои се светски признати одделно. Се предвидувала и декларација дека двата народа се братски“, објави „24 часа“, пренесувајќи го и одговорот на премиерот на Јанев дека „ќе започне интензивна дискусија за предлозите уште денес“.



извор: лидер


29060043_2016680208590936_36926234558838