Регистриран 31 случај на церебрална тромбоза: Берлин прекина употребата на вакцината на АстраЗенeка

Градските власти во Берлин ја прекинаа употребата на вакцината „АстраЗенека“ за сите лица на возраст до 60 години, повикувајќи се на нови податоци за сомневање за несакани ефекти, јави агенцијата ДПА. Претходно денеска, институтот „Пол Ерлих“, медицинско регулаторно тело, соопшти дека е регистриран 31 случај на церебрална тромбоза за кои се сомневаат дека се случиле по аплицирање на вакцината „АстраЗенека“. Девет од тие случаи резултирале со смрт на пациентите, соопшти институтот. Сите освен две се појавиле кај жени на возраст од 20 до 63 години.




извор: слободен печат

29060043_2016680208590936_36926234558838