ЗАЕВ: И со еколошка такса од 3,5 денари ќе имаме „најевтина“ нафта, а ПЛАТИТЕ НЕ НИ СЕ НАЈНИСКИ

Премиерот Зоран Заев тврди дека и со еколошката такса од 3,5 денари ќе имаме најевтина нафта во регионот, а платите не ни се најниски. Тој вчера ја најави еколошката такса, која ќе се наплаќа и на дизелот и на бензините од 1 јули.


„3,5 денари навистина не влијае многу за да предизвика инфлаторни ефекти и тоа е потврдено со сите анализа, затоа што и со 3,5 денари еколошка такса имаме најевтина нафта во регионот, а платите не ни се најниски во регионот. Има многу земји со пониски плати. Заштитата на стандардот на граѓаните продолжува со јакнење на животниот стандард, платите растат, се создаваат нови работни места, со овие инвестиции во обновливи извори на енергија се создава компетитивност на пазарот на труд. Од 9.000 на 15.200 минимална плата, 28.200 стигна просечната плата, а да не потсетувам, беше 21.200 пред некои четири години“, изјави Заев, одговарајќи на новинарско прашање на денешното потпишување договор за Јавно приватно партнерство за фотонапонска електрана ,,Осломеј” во Владата.


Помала просечна плата во регионот има Косово, со Албанија сме изедначени, а останатите имаат просечни плати над 500 евра.



извор: сдк

29060043_2016680208590936_36926234558838