Платите на судиите ќе се зголемат 15%

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, на заедничка прес-конференција со претседателот на Здружението на судиите, Џемали Саити, изјави дека е постигната согласност за зголемување на платите на судиите за 15 отсто.

„По повеќе години дебати со Здружението на судиите, дојдовме во фаза во која постигнавме согласност и сериозен напредок во нашите разговори. Денес, на нашата средба се договоривме дека има согласност од Владата и Здружението на судиите за зголемување на платите на судиите во вкупен износ од 15 %. Тоа зголемување ќе се одвива постепено, односно 10 % оваа и 5 % в година“, изјави Маричиќ.

Според министерот за правда, постигната е согласност разговорите да продолжат и во согласност со можностите да се овозможи дополнително зголемување од 5 % во 2023 година, со што ќе се дојде до посакуваната цел за вкупно зголемување на платите на судиите од 20 %.



извор: макфакс

29060043_2016680208590936_36926234558838