Дизелот од јануари досега поскап е за 7,5 денари, а за неколку дена ќе поскапи плус 4 ДЕНАРИ

Од 1 јануари до денес дизелот поскапе 7.5 денари, а за неколку дена Заев трајно ќе го зголеми за дополнителни 4 денари. На 1 јануари дизелот во малопродажба се продавал 54 денари, а денес се продава 61.5 денари, односно 7.5 денари повеќе. Ова се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ во врска со поскапувањето на нафтата. Соопштението го пренесуваме во целост:

Заев воведува и нов данок, нова давачка наречена еколошки надомест со кој дизелот трајно ќе поскапи за 4 денари. Заев не ги прашал граѓаните, ниту отворил дебата, Заев го планирал овој данок и го ставил во ребалансот во делот на планиран приход.

Заев сака за една година на народот да му земе 54 милиони евра како последица на новиот данок на дизелот. Тоа се пари кои главно ќе им бидат земени на земјоделците и на транспортерите. Тие 4 денари наместо за плата на вработените или за нови инвестиции ќе одат за покривање на дупките во буџетот кои ги направи Заев.

Со ваквото зголемување на цените на дизелот се ризикува зголемување на цените на повеќе продукти, а тоа ќе значи уште поголем удар врз џебот на народот и потежок живот. 4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!



извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838