Албански криминалец со македонски пасош со лажен идентитет бил мозокот на грабеж тежок 10 милиони

Албанецот Адмир Муратај кој во ноември 2018 година за два дена добил македонски пасош со лажен идентитет, покрај тоа што бил баран со меѓународна потерница за убиство на полицајци во Атина, учествувал и во грабеж тежок 10 милиони евра. На Муратај ова му било 15-от документ со лажен идентитет, објави Мкд.мк.

Четири месеци откако го добил македонскиот пасош, Адмир Муратај бил мозокот на големиот вооружен грабеж на аеродромот Ринас во Тирана извршен на 9 април 2019 година. Тогаш беа украдени 10 милиони евра, а во престрелката со специјалните сили Муратај беше убиен.



извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838