Гарванлиев беше главна ѕвезда на ЛГБТ парадата во Софија!

Нашиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев настапи на ЛГБТ Парадата на гордоста во Софија, Бугарија, а неговиот настап беше проследен со аплаузи и овации од присутните.


Бугарските медиуми исто така покажаа голем интерес за неговото прво гостување таму, па тамошните телевизии објавија интервју, веднаш по неговиот настап на Парадата на гордоста, во кое тој раскажува за својата љубов кон музиката, за Евровизијата, но беше запрашан и за свое мислење околу случувањата помеѓу Македонија и Бугарија.


-Во музиката нема омраза, нема политика и нема сексуална ориентација, ама има љубов и енергија. Не само што мислам, туку сонувам за дует со бугарски исполнител. Преговараме неколку работи, може да почнеме и со Викторија (бугарската претставничка на Евросонг), имате прекрасна музика и традиција. Во Софија има топлина, историја, градот станува нова метропола во Европа – изјави Васил.


На прашањето околу случувањата на Евросонг, тој изјави дека неговата желба била да ја претстави Македонија во најубаво светло.


-Имав магичен настап и сум горд на тоа. Имав многу силна порака, дека сите сме луѓе, од тој аспект сум многу задоволен. Евровизија е голема игра, мора да си многу подготвен, затоа што на таа сцена застануваш три минути, тоа е огромен стрес, но и убав предизвик и јас сум горд- порача музичарот.


На новинарско прашање, како творец, како ги гледа Македонија и Бугарија по една година, тој вели


–Се надевам дека секој ден, секој чекор, како и оваа парада на гордоста е чекор кон подобра и посветла иднина. Јас секогаш гледам кон убавото и позитивното. Да, има негативни работи, но мора да се фокусираме на доброто. Тоа што има толку луѓе, што има настани после ковидот, тоа е победа – изјави Гарванлиев.


Во Македонија, првата Парада на гордоста се одржа на 29-ти јуни 2019 година и дојдоа многу посетители од целиот регион. Целта на настанот беше да се сврти вниманието за нееднаквоста и неприфаќањето низ кое минуваат припадниците на ЛГБТ заедницата.


Наредната Парада на гордоста во Скопје е закажана на 26-ти јуни, под слоганот ,,Вон ѕидовите”. Нема официјална информација кои музичари ќе настапат.



извор: фокус

29060043_2016680208590936_36926234558838