ПРОНАЈДЕН Е МРТОВ НОВИНАРОТ КОЈ ОТКРИ АФЕРА НА БИЛ КЛИНТОН


Американскиот новинар и репортер на Еј-Би-Си Њуз, Кристофер Сајн (45), кој стана познат на јавноста во САД откако ја откри аферата во 2016 година, односно тајната средба меѓу поранешниот американски претседател Бил Клинтон и поранешната државна обвинителка, Лорета Линч е пронајден мртов во неговиот стан во Алабама.


Според полицијата од градот Хувер, Сајн, кој е татко на три деца, поранешен фудбалер на локалниот тим и искусен новинар, најверојатно извршил самоубиство, што сепак предизвика медиумски шпекулации ширум светот дека нешто друго се крие зад неговата смрт, бидејќи нему опасно му замеруваше моќното семејство Клинтон. Така, британскиот весник Дејли Меил во насловот стави наводници на зборовите: „извршил самоубиство, додека другите потсетуваа на низа други мистериозни смртни случаи на луѓе кои на некој начин имаа некаква поврзаност со семејството Клинтон.


Во 2016 година, среде кампањата за претседателските избори кога Хилари Клинтон изгуби од Доналд Трамп, Сајн откри дека Бил Клинтон тајно се сретнал со обвинителката Линч во неговиот приватен авион на аеродромот во Феникс за да разговара за истрагата против поранешниот државен секретар на САД.


Откако Сајн го откри скандалот, и Клинтон и Линч тврдеа дека се сретнале на приватен разговор, бидејќи и онака се дружеле приватно.


gif

извор: фактор


29060043_2016680208590936_36926234558838