НАУЧНИЦИТЕ СО НОВО ОТКРИТИЕ: Еве зошто по вакцинација со АстраЗенека може да настане коагулација


Во најнова студија на тим научници од Германија, Австрија и Канада се даваат одговори за појава на ретки случаи на згрутчување на крвта веднаш по вакцинација со АстраЗенека.

Според денешните наводи на Ројтерс, експертите веруваат дека феноменот е сличен на оној што ретко се случува со лек за разредување на крвта наречен хепарин, наречен тромбоцитопенија предизвикана токму од хепарин (ХИТ).


Лекот всушност го активира имунолошкиот систем да произведува антитела кои ги активираат тромбоцитите, што предизвикува згрутчување на крвта. И други медикаменти, освен хепаринот можат да предизвикаат нарушувања на коагулацијата кои силно наликуваат на ХИТ, а истражувачите се сомневаат дека во ретки случаи, вакцината АстраЗенека може да биде уште еден таков тригер.


Четири претходно здрави лица кои примиле вакцина од „Астразенека“ развиле потенцијално фатални тромбови и имале ист вид антитела кои активираат тромбоцити и активираат формирање на тромб во тромбоцитопенија предизвикана од хепарин. Дваесет лица кои примиле вакцина, но не развиле тромби, ги немале овие антитела. Во уредничкиот коментар објавен со студијата е забележано дека тромбоцитопенијата предизвикана од лекови може да се лекува ако се идентификува навремено. Милиони луѓе ја примиле вакцината без проблеми, а европските регулатори и Светската здравствена организација велат дека придобивките од АстраЗенека ги надминуваат нејзините ризици.




извор: фактор

29060043_2016680208590936_36926234558838