Заев: Станав милионер со продавање на црвен пипер!

Македонскиот премиер Зоран Заев за српски „Курир“ ја раскажа својата животна приказна. Тој откри дека во младоста продавал лубеници, пиперки и домати на пазарот до Горњи Милановац, а и дека првите заработени милиони му се повразани со Србија. -Првата голема заработка – 2,4 милиони марки е од црвен пипер, кој го сушевме во Струмица, и му го дадовме на Хоргос за производство на сушен црвен пипер. Во 2001 година, во Суботица, преговаравме за цената, квалитетот, стандардите. Договорот падна, профитот беше 2,4 милиони марки. И со тој капитал купивме циглана. И кога ќе го прашате моето семејство од каде е создаден капиталот – тој е создаден од пазарот во Горњи Милановац и од српските фабрики. И син ми и ќерка ми го знаат тоа, а камоли постарите членови на семејството. И сега нека ми каже некој српски политичар дека Заев има резерви кон Србија, вели Заев.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838