МАКЕДОНИЈА - АВСТРИЈА: Анализа со Спортскиот агент на Киево -Верона, ЗОРАН ВЕЛЈАНОВСКИ


Фудбалската репрезентација на Македонија дебитира на големата сцена! Првиот настап на Европското првенство (ЕП) во историјата донесе група со Австрија, Украина и Холандија, а деби-натпреварот ќе се игра во Букурешт, против Австријците – инаку наши познаници, затоа што со нив се сретнавме во квалификациите за овој настан.


Во продолжение, ексклузивно за АНАЛИТИКУМ анализа на ЗОРАН ВЕЛЈАНОВСКИ, Спортскиот агент на Киево -Верона:

Македонија денес го има официјалното деби на големото фудбалско натпреварувања како дел од овогодинешното одложено европско првенство.
Предводени од нашата фудбалска легенда Горан Пандев, потпомогнати од Адеми, Елмас, Барди и останатите очекувам најмалку бод од денешната пресметка со Австријците.
Иако, австријците славеа на последните два меѓусебни дуели со нашата репрезентација, сепак ова е друг мотив и повисока ментална припрема која верувам ја имаат македонските репрезентативци.
Австрија нема победа на европско првенство, иако ова им е трет настап, но она што е проблематично кај нив е постигнувањето голови за што верувам и денес ќе остани така. Новиот играч на Реал Мадрид, Алаба, во нападот Арнаутовиќ и со неколку помлади екстра играчи на хартија се фаворити а тоа треба да биде уште еден момент и мотив кој ќе ни даде ментална предност на теренот.
Нашата игра секако ќе биде насочена по страничните позиции за продор, со висок степен на брза транзиција особено во напад каде сме и најсилни. Верувам во нашите професионалци, тимскиот дух и пред се битно е да ја играме нашата игра. Најбитниот фактор како предуслов за победа е менталниот склоп и верба во самите себе. Скоро сите репрезентативци кариерата ја изградија, од помлади години надвор од нашите граници, и верувам дека сенсот за супериорност и победничкиот дух го имаат во себе. Минимум Бод, а зошто да не и сите три!

ЗОРАН ВЕЛЈАНОВСКИ

Прет. Спорт, Талент

Меѓународен агент - Киево, Верона

29060043_2016680208590936_36926234558838