Пандев: Можеби се ова последните мои натпревари за репрезентацијата, горд сум на секоја капка пот


Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, македонската легенда Горан Пандев, пред почетокот на Европското фудбалско првенство објави дека Европското првенство е сон кој го сонувал целата негова кариера.

„Дојде и тој ден кога почнува Европското првенство. Денот кој го сонував долго време низ мојата кариера, Македонија да игра на едно вакво големо натпреварување“, напиша Пандев на социјалните мрежи. Пандев истакна дека е горд на секоја капка пот пролеана врз македонскиот дрес, но дека ова се можеби и неговите последни натпревари одиграни за македонската репрезентација. Тој повика до неговите соиграчи заедно да испишат историја, но и до навивачите, да бидат со Македонија и за Македонија.

„Можеби се ова последните мои натпревари за репрезентацијата. Сакам како капитен да се обратам на целата нација. Оваа генерација е на најсветото место на македонскиот фудбал, ова е генерацијата што ја обедини цела Македонија. Горд сум на секој момент и секоја капка пот пролеана во светиот дрес. Сонот го исполнивме, одиме да испишеме историја. Бидете со нас и навивајте за Македонија!“, порача Гранде Пандев.


29060043_2016680208590936_36926234558838