СДСМ тргна да се пресметува со семејството на Јаулески: ,,Демократијата” во Македонија не трпи пркос


,,Демократијата” во Македонија не трпи пркос, најмалку ако тоа доаѓа од млад човек кој со сето срце застанува против СДС и нема што да изгуби, па затоа почнаа да се пресметуваат со мојата фамилија, открива пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески на „Фејсбук“ Голготата на мајката на Јаулески ја пренесуваме во продолжение:

Неговата мајка, која од 1999-та година е вработена во Фондот за здравствено осигурување, моментално во подрачното одделение во Скопје, пред некое време поднела барање да поради семејни и лични причини, своите работни обврски ги извршува од дома, односно да биде преместена во подрачната единица во Струга. И бидејќи тука нема ништо спорно, барањето ѝ било потпишано (одобрено) од двајцата директори. Но, оваа диктаторска власт, како што вели Јаулески, која ужива да ги измачува луѓето и да си игра со нивните емоции и нерви, мотивирана од тоа што таа е мајка на пратеник од опозицијата, решила да го поништи ова одобрение и да го врати вон сила, односно повторно да ја врати во Скопје и тоа по барање и ургенција на локалните раководители од СДС во Струга. – Господа од власта, имам да ви порачам дека ниту ви се плашам, ниту пак јас или некој од мојата фамилија ќе подлегнеме на вашите притисоци, како што не подлегнавме и порано. Исто така, сакам да ви порачам дека ниту Црн Дрим не ве пере од одговорноста за криминалот кој го правите и за тоа кога ќе дојде време нема да бидете поштедени. Ова за мене е мотив повеќе за враќање на демократските вредности во Македонија и туркање на оваа диктаторска власт, порачува Јаулески.


29060043_2016680208590936_36926234558838