На протестот во Битола свое обраќање имаше Бурлијовски, за новата капитулација со Бугарскиот договор


На вчерашниот протест во Битола се обрати со свој говор ПЕТКО БУРЛИЈОВСКИ поранешен началник во СВР БИТОЛА, по повод „Договорот со Бугарија“, интегрално го пренесуваме во целост неговото обраќање:

Секој од нас треба да си го постави прашањето „ Зошто сме тука присутни на овај митинг “ одговорот е едноставен. Како Македонец како граѓанин на Македонија сум загрижен каде се движи Македонија со ваква власт како актуелната кој секојдневно ги распродава македонските национални интереси и македонскиот народ го омаловажува и во сопствената држава го претвори како народ од втор ред. Со моето присуство на овај митинг сакам да дадам доприност за да престанат рапродажбите токму на нашите македонски национални интереси. Имено Македонците вековно тежнеле да создадат сопствена држава при што во тие борби дале огромен број на жртви, за време на НОБ загинале околу 40 000 Македонци и по некој од другите националности и упеале да ја формираат оваа македонска држава на дел од територијата на Македонија. Но за жал по осамостојувањето на Македонија дел од македонските водачи – политичари извршија национални предаства при што македонија ја опустошија, ја поганија, ја искрадоа и најтрагично е тоа што извршија предаства и ги распродадоја сите национални интереси претворајќи ја во нефункционална држава со понатамошна тенденција на распад. Во ова прилика ќе напомнам некои од тие предаства:


- Под притисок на Грција го сменаа 16 то крако државно знаме


- Го донесоа и потпишаа Охридскиот рамковен договор со кој Македонија ја претворија во нефункционална држава, имаа можност да ги уништат тогашните терористи кои бараа оцепување на делови од Мекедонија и беа од Г дин Тачи тогашниот претседател на ДПЕА и тогашниот Секретар на на НАТО Г-дин Робинсон наречени терористи, терористите секаде се елиминираат. Тие наместо тоа го потпишаа Рамковниот договор и со тие терористи направија власт, а уставобранителите ги ставија во затвор.


- Го донесоа законот за терторјална локална самуправа со кој на градови со мнозиско македонско население приклучија села со албанско население при што тие градови условно кажано ги претворија во албански. Тоа го направи тогашниот премиер Г дин Бучковски кој е сегашен преговарач со Бугарија.


- Го потпишаа предавничкиот договор со Грција – Преспанскиот договор со кој Македонија ја доведоја во потчинета положба во одос на Грција, се откажаа од македонскот име на државата, од македонците како малцинство во Грција, од македонците во дијаспората, македонскиот државотворен народ со тој договор го претворија во заедница, од Уставот на Македонија го исфрлија столбот на Македонија АСНОМ и го вметнаа рамковниот договор, отидоја дотаму да со брусалици од шахтите да го бришат 16 то крако знаме.


- Го донесоја законот таканаречен Закон за јазици а всушност закон за употреба на албанскиот јазик како службен јазик на целокупна територија на Македонија и онаму каде што не живее нити еден албанец, со што Македонија јазично и ја федерализираа.


Македонската влада ја подлија на два дела македонска и албанска а парадоксално е тоа што во македонскиот парламент има 120 пратеници од кои некаде 90 тина македонци а 30 тина албанци.


Последното предаство е потпишаниот договор со Бугарија кој спрема Македонија врши отворени уцени со тоа што бара да ја промениме македонската историја и култура, да признаеме да македонската нација настанала од 1945 год. а пред тоа сме биле бугари, да македонските великани како Гоце Делчев, Даме Груев, Кирил и Методи, браќата Миладинови и други биле бугари, да имаме заедничка историја и да заедно ја славиме како поколенија на бугарите.


Сите овие предаства за жал македонскиот народ како навреме да на ги сфати и разбра, како да ги преспа, беше измамен и излажан со ветувања за подобро утре - подобар живот. И затоа од тука ги молам и повикувам сите македонци и останатите националности кои си ја сакаат Македонија како нивна татковина и држава да излезат на протести и го кренат гласот со мотото „ Доста е со предаства и разнебитување на македонската држава и народ“.


Бурлијовски Петко

09.06.2021 год.

Б и т о л а

29060043_2016680208590936_36926234558838