Очекувањата од првиот натпревар на ЕУРО 2020 со Спортскиот агент на Киево -Верона, ЗОРАН ВЕЛЈАНОВСКИ


Европското првенство (ЕП) за првпат во историјата ќе се игра низ единаесет различни земји и на него ќе учествуваат 24 репрезентации, меѓу нив и нашиот национален тим - Македонија. Во следните денови следи презентација на сите групи, а денес на програмата е групата „А“ во која играат репрезентациите на Турција, Италија, Швајцарија и Велс.


Мечевите од оваа група ќе се играат на „Олимпико“ во Рим, Италија и „Олимпискиот стадион“ во Баку, Азербејџан. Во продолжение, ексклузивно за АНАЛИТИКУМ анализа на ЗОРАН ВЕЛЈАНОВСКИ, Спортскиот агент на Киево -Верона:

- Денес Европа а и светот со нетрпение го очекува стартот на одложеното Европско првенство во фудбал 2020. Италија како еден од главните претеденти за после подолго време и враќање на врвот во европскиот фудбал, ја започнува својата одисеја баш од нивниот главен град.
- Моите очекувања се дека оваа екипа ќе игра долго на ова европско првенство, а познавајќи го нивниот стил, самоувереност, и доста широкиот избор на квалитетни играчи прогнозирам освојување на едно од првите три места.
- Денешниот натпревар очекувано нема да изобилува со отворен фудбал, заради претпазливост и големото значење за освојување на секој бод. Главна алка за првите бодови на италијаните според нивните медиуми ќе го има играчот на Сасуоло, Берарди во комбинација со Имобиле и Исиње во нападот. Но, уште побитна ќе биде средината каде би требало Локатели да ја одигра главната улога.
- Иако, турците имаат големи очекувања од Каан Ајхан со предводникот на екипата Чаханоглу, сепак додатно против Барела и Џоржињо сметам дека не би имале шанси. Верувам да оваа Италија на Манчини носи тимски дух, иако со неколку откажувања заради повреди сите три бода ќе останат за формалниот домаќин во Рим.

ЗОРАН ВЕЛЈАНОВСКИ

Прет. Спорт, Талент

Меѓународен агент - Киево, Верона

29060043_2016680208590936_36926234558838