Со камион полн марихуана за 400 денари сакал да поткупи полицајци – албански државјанин заврши...

Албански државјанин се обидел да ги поткупи полициските службеници кои го сопреле при сообраќајна контрола на патниот правец Прилеп-Градско. Во документите кои ги приложувал на полицијата, 40-годишниот возач на камионот ставил и 400 денари за да не го претресуваат возилото во кое превезувал голема количина марихуана. -Откако службените лица ги вратиле парите и го предупредиле дека со тоа дејствие врши кривично дело давање поткуп, осомничениот повторно ги ставил паричните средства во документацијата и ги дал на полицајците за да не извршат преглед на возилото и полуприколката прикачена кон него. При извршен преглед на возилото, службените лица во полуприколката пронашле наркотична дрога – марихуана, во количина од 48,063 кг спакувана во две патни торби со вкупно 49 полиетиленски паковки се наведува во соопштението од Обвинителството. Основното јавно обвинителство -Прилеп го гони за две кривични дела – давање потпкуп и неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и сусптанци. Основниот суд Прилеп го прифатил предлогот на обвинителството и на осомниченото лице со Решение му е определен притвор во траење од 30 дена.


извор: лидер


29060043_2016680208590936_36926234558838